Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисИванишевиќ: ,,И Том Круз би побегнал од Новак”

Иванишевиќ: ,,И Том Круз би побегнал од Новак”

Поранешниот шампион на Вимблдон Горан Иванишевиќ изјави дека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, моментално е незапирлив. Тој истакна дека Новак во овие моменти изгледа како да е од друга планета, бидејќи според него тој моментално нема никаква конкуренција на ATP турнирите.

Ѓоковиќ зад себе ја има најверојатно најуспешната сезона во историјата на тенисот, освои 11 титули, три Глен слема, шест Мастерси  и завршниот турнир.

„Тој е незапирлив, делува како да е од друга планета. Ако го споредуваме со останатите најдобри тенисери на светот, изгледа дека тој игра на некое друго ниво. Натпреварите против него се речиси невозможна мисија од која би побегнал дури и Том Круз“, изјави Иванишевиќ.