Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИваниќ во дводневна посета на Македонија

Иваниќ во дводневна посета на Македонија

Претседателот Ѓорге Иванов денеска и утре ќе биде домаќин на претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Денеска, како што соопштија од кабинетот на македонскиот претседател, ќе биде одржана тет-а-тет средба на Иванов и Иваниќ, како и пленарен состанок на официјалните делегации на двете држави.

На вториот ден од посетата, ќе се одржи бизнис форум со учество на стопанственици од Република Македонија и од Босна и Херцеговина, на кој обраќања ќе имаат претседателот Иванов и претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Иваниќ.