HomeДЕНЕШНАПолитикаИвана Туфегџиќ не е претставник на Студенски пленум на избори, организацијата се огради

Ивана Туфегџиќ не е претставник на Студенски пленум на избори, организацијата се огради

Студентскиот пленум јавно се огради од кандидатурата на нивната членка Ивана Туфегџиќ за кој сметаат дека не е нивни претставник на претстојните парламентарни избори иако се најде на листата за пратеници на СДСМ на 9-тото место. Туфегџиќ беше активна за време на протестите при избор на нов претседател на СПУКМ, но таа ќе ја претставува својата партија.

„Во врска со написите што излегоа во медиумите дека како деветти кандидат во првата изборна единица во избирачката листа на СДСМ се јавува претставник на „Студентски пленум“, остро ги отфрламе како неточни. Заклучно, „Студентски пленум“ нема репрезент на претстојните избори, па граѓаните и граѓанките студенти што ги споделуваат принципите на „Студентски пленум“ единствено можат да придонесат преку активно вклучување во него“, стои во објавата на пленумот.

Од друга страна пак Туфегџиќ ги прифаќа упатените критики.

„Кандидатурата е голем чекор за мене, но и огромна одговорност пред секој што го познавам и што ме поддржува или не ме поддржува. Таа одговорност секојдневно ќе ја носам и ќе ја оправдувам“, напиша, пак, Туфегџиќ на својот фејсбук- профил по усвојувањето на пратеничките листи на вчерашниот конгрес на СДСМ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com