Friday, Mar 29, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонИтно надградете го Windows за да се спасите од багови!

Итно надградете го Windows за да се спасите од багови!

Microsoft апелира од сите корисници итно да ја инсталираат најновата надградба на сите
Windows оперативни системи, затоа што е откриен софтверски баг. Овој проблем ги нападнал
сите верзии на Windows, при што компанијата исфрлила надградба за сите оперативни системи
за кои престанал да дава поддршка.
„Ранливоста на системот овозможува далечинско извршување на кодот доколку корисникот го
отвори злонамерниот документ или ја посети непроверената веб-страница, која содржи OpenType
font“, пишува во соопштението на Microsoft.
Гигантот од Редмонд бара објавените крпеници веднаш да се инсталираат, бидејќи хакерите ќе ја
злоупотребат ситуацијата и ќе му пристапат на вашиот компјутер, што може да доведе до
инсталирање на специјални програми, изменување на податоците или креирање на нови налози
во вашиот систем.

извор: телефони.мк