Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИтната медицинска помош ќе оперира со 60 екипи во Скопје

Итната медицинска помош ќе оперира со 60 екипи во Скопје

Итната медицинска помош ќе биде збогатена со 75 нови вработувања од кои 35 доктори, 20 медински сестри и 20 возачи, а за нивните потреби ќе се набават и 12 возила со најнова опрема. Со новиот персонал Итната медицинска помош ќе оперира со вкупно 60 екипи на територија на Скопје и ќе може да одговори на сите потреби во град кој има над 500 илјади жители и побрзо ќе интервенира на повиците. Нови пунктови ќе се отворат и во Петровец, Сарај и Чучер Сандево за да им се помогне и на жителите на периферијата на градот со што значително ќе се подобри интервентната здравствена заштита. Обуки ќе се обезбедат и за тимовите на Итната медицнска помош низ државата.