Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИтна оставка на Лидија Димова побараа од ВМРО-ДПМНЕ

Итна оставка на Лидија Димова побараа од ВМРО-ДПМНЕ

Невиден скандал, и хистеризирани реакции во јавноста, предизвика информацијата дека Лидија Димова, како прв човек на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност доделила 270.000 евра на фризерница, која се наоѓа во населбата Аеродром.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше на случајот, барајќи оставка од Димова

 

 

„Три дена молк од Јавното обвинителство за случајот со 270.000 евра доделени на фризерница. Лидија Димова како актуелна директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, изминативе 3 години е загушена во криминал. Дали од тендери, дали од набавка на луксузни возила, џипови, дали од доделување на грантови загушена е во криминал, а се уште ЈО нема преземено никаков чекор, обвини портпаролот на ВМРО-ДПОМНЕ, Димче Арсовски.

„ Цели 3 години се читаат и слушаат скандали низ медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал поврзани со Лидија Димова, а се уште јавното обвинителство и финансиска полиција молчат.

Замислете, фризерница која земала 270.000 евра за едукација за медиумска писменост, во 2017 година има завршна сметка со нето добивка од 3.000 денари, а веќе 2018 година откако почнува соработката со Лидија Димова и грантовите, истата фризерница има нето добивка од 2.700.000 денари или фризерница со две столчиња има добивка околу 43.000 евра добивка. Ова е пораст од 2017 во однос 2018 од 85.000% на добивката.

Неверојатно е како луксузни салони за разубавување не заработуваат толку огромни суми на пари, а не оваа берберница со 2 столчиња. Но, и покрај ваквите сомнежи, ниту Јавното обвинителство, ниту било кој нема да се осмели да покрене било каква постапка. Од едноставна причина затоа што ги штити Зоран Заев и Лидија Димова и сите останати.

Ова ќе биде, по се изгледа, уште еден случај каде што има сомнеж за директор на значен од Зоран Заев и СДСМ, близок директор на Зоран Заев каде злоупотребуваат службена должност, јавното обвинителство и Заев го штитат.

Лидија Димова да си даде оставка веднаш! Ваков директор не смее да ја води оваа институција. Секој поминат ден како директор во институцијата е ден повеќе да прикрива докази и сокрива документација истото како што се случуваше од Катица Јанева во СЈО“ порача Арсовски.