HomeДЕНЕШНАСветИтна евакуација на училишта и факултети во Канада

Итна евакуација на училишта и факултети во Канада

Околу 60 училишта и универзитетски кампуси во Канада биле евакуирани поради можна закана. Тамошните медиуми пренесуваат дека сите ученици и персоналот биле префрлени на безбедна локација. Според овие информации, биле евакуирани околу 190.000 ученици.

„Персоналот ги носи студентите на безбедни локации каде ги чекаат автобуси. Родителите на тие места можат да ги пречекаат своите деца. Родителите ќе мора да почекаат понатамошни инструкции околу локацијата каде да ги чекаат своите деца, а ќе бидат известени во најбрз можен рок“, соопшти полицијата.

За сега не е познато за каква закана станува збор, но еден камп добил анонимна дојава за бомба. Островот Принц Едвард е најмала канадска покраина и во неа живеат околу 146.000 жители. И во покраината Нова Шкотска која се наоѓа близу до споменатата, биле затворени универзитетските кампусти поради „сомнителен повик“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com