Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИталијанското обвинителство со своја истрага за кобниот пад на „пајперот“

Италијанското обвинителство со своја истрага за кобниот пад на „пајперот“

Италијанското обвинителство ќе поведе своја истрага за тешката авионска несреќа во која животот го загубија 5 лица, од кои четворија италијански државјани. Малиот патнички авион „пајпер“ полетал од аеродромот во Тревизо каде постои и авио спортски клуб, а во Скопје требало да наполни гориво пред да слета во Приштина.

„Овој тип на авиони не е опремен со црни кутии. Често има и повеќе од една причина за несреќа. Сепак, во областа имаше лоши временски услови“, изјави инструкторот од авиоклубот Тревизо, Џон Тесари, за локалните медиуми.

Засега се уште не е јасно како дошло до уривање над селото Кожле кај Петровец на само 4 минути по полетувањето.