Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИталијански педофил им плаќал на деца од Македонија за голи снимки и фотографии

Италијански педофил им плаќал на деца од Македонија за голи снимки и фотографии

Италијанец им плаќал на деца во Македонија да му испраќаат голи снимки и фотографии. СВР Штип поднесе кривична пријава против 35 годишниот италијански државјанин кој во периодот од јануари 2013 до февруари 2014 година преку сервиси за брз трансфер на пари на неколку деца во Македонија кои не наполниле 14 години им платил вкупно 4.307 евра за нивни голи фотографии и видеоснимки.

Педофилот стапил во контакт со децата преку Скајп и Фејсбук. Тој барал од нив самите да се снимаат како се соблекуваат и да се допираат и видеоснимките да му ги испраќаат. Полицијата извршила претрес во домовите на децата при што прнашла компјутери и мобилни телефони преку кои се одвивала комуникацијата со педофилот од Италија. Уредите се однесени на вештачење во МВР.