Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИталијанската морнарница спаси 6.000 мигранти

Италијанската морнарница спаси 6.000 мигранти

Италијанските бродови кои патролираат кај либискиот брег за четири дена спасиле 6.000 мигранти. Од водата биле извлечени две безживотни тела. Според последните информации од УНХЦР, од почетокот на годината во Италија по поморски пат пристигнале 89.217 лица, воглавно од посахарска Африка, што е приближно исти број забележан во овој период минатата година.

Од друга страна, во обидите да го поминат Средоземното море во истиот период животот го загубиле повеќе од 3.000 мигранти, што е повеќе од 50 отсто во споредба со минатата година. Италија во четвртокот започна кампања преку интернет, телевизија, радио и социјалните мрежи во која африканските мигранти се предупредуваат на бројните опасности кои ги очекуваат на пат кон Европа.

Шпанската служба за спасување на море денес соопшти дека спаси 44 мигранти кои се обидувале во два мали пренатрупани чамци да поминат преку Средоземното море и да стигнат до Европа.