Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаИталијанската „Диатек“ отвори фабрика во ТИРЗ Скопје

Италијанската „Диатек“ отвори фабрика во ТИРЗ Скопје

Италијанската компанија „Дијатек“ е седмата која отвори своја фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје и планирано е да инвестира 10 милиони евра со вработување на 200 лица во почетната фаза. Новата фабрика „Макдиа“ ќе се занимава со дигитално печатење и нивните производи ќе учествуваат во значаен дел од извозот на Македонија. На отворање на „Макдиа“ присуствуваа премиерот и неговиот економски тим, како и претставници од италијанската „Дијатек“ со меѓусебно задоволство за новата инвестиција и продлабочување на економските односи со Италија.