Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеИталијанска плажа нуди враќање на парите во случај на дожд

Италијанска плажа нуди враќање на парите во случај на дожд

Италијанските плажи на туристите им нудат враќање на парите во случај на дождливо време. Проектот кој е покренат на плажите недалеку од Венеција е наречен „или ќе добиете боја, или ќе ги добиете своите пари назад“.

Угостителите и за закупците на просторот на некои од италијанските плажи водат сметка за сите детали кога се во прашање туристите. Убавото време во текот на годишните одмори е повеќе од пожелно, но доколку на италијанските плажи падне дожд, немате причина за грижа.

Акцијата е започната на неколку плажи во градот Јесоло, недалеку од Венеција. Па така, сите кои ќе одлучат да го поминат својот годишен одмор во Јесоло, во случај на дождливи денови имаат право на враќање на парите.