Thursday, Apr 27, 2017
HomeАНТИСТРЕСИталијаните знаат како се заработува за меденд месец

Италијаните знаат како се заработува за меденд месец

Свадбените обичаи кои постојат во различни земји од светот, многу сликовито ја опишуваат поентата на бракот и заедницата која се создава при чинот на венчавање. Еве дел од нив…

Невестите во Мароко свадбениот ден го започнуваат со прочистување преку капење во млеко пред рацете и стапалата да им бидат исцртани со кана.

Во Естонија е изменет обичајот со фаќање на букетот.Честа ја имаат момците.  На младоженецот му ги врзуваат очите и го вртат во круг. Неоженетото момче на кое младоженецот ќе го спушти шеширот е следен подготвен за брак.

Невестите јапонки во текот на свадбениот ден се пресоблекуваат многу пати, одличен обичај за дамите кои сакаат да купат многу облека.

maroco weeding

Италијаните имаат одличен начин на свадбата да го ,,заработат” медениот месец. Се сече вратоврската на младоженецот и на гостите им се продаваат деловите.

Англосаксонскиот младоженец треба да ја допре петата од чевелот на невестата со што ја покажува својата надмоќ над неа

Во Летонија на свадбата “се киднапира” невестата, а младоженецот мора да ја откупи.

На венчавка во Финска, додека младите го играат првиот танц мајката на младоженецот држи тањир на главата. На колку парчиња ќе се искрши тањирот толку деца ќе има парот.

На руска православна венчавка младите се натпреваруваат кој прв ќе стигне до тепихот каде што се даваат заклетвите. Победникот ќе го има главниот збор во бракот.

Еврејски обичај- Прстенот треба да биде обичен и едноставен, без никаков скапоцен камен или ознака. Тоа е симбол на вечна љубов. Да нема ништо што означува почеток и крај.

Во Чешка е обичај, пријателите на невестата да се соберат во дворот од нејзината куќа , да засадат дрво и да го накитат со лушпи од јајца и разнобојни машни. Легендата вели дека невестата ќе живее колку што ќе живее тоа дрво

На венчавка во Венеција младите треба да се “искрадат” од сопствената свадба, ако успеат да не се поздрават со никого ќе имаат многу среќа

weding 3