Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаИталија со историски највисок долг

Италија со историски највисок долг

Италијанскиот јавен долг во јуни достигна 2,2 илјади милијарди евра, што е 23,4 милијарди повеќе отколку во мај, а 83,3 милијарди повеќе од почетокот на 2015 година, соопшти денес Централната банка на Италија.

Ова е историски највисок долг на Италија.

Податоците покажуваат дека учеството на јавниот долг сега изнесува над 132% од БДП, што е рекордно највисок јавен долг на Италија. Само за споредба долгот на Италија во 2010 година изнесувал 120% од БДП.
Италијанската централна банка објаснува дека зголемувањето на јавниот долг е поврзано со зголемувањето на количината пари во оптек, падот на еврото и поскапувањето на државните обврзници.

Италијанскиот премиер Матео Ренци веќе трпи силни критики од опозицијата дека политиките кои ги води, а кои се наметнати од еврозоната не ги даваат потребните резултати и го зголемуваат должничкиот терет на земјата.