Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИталија реагира на карикатура од „Шарли Ебдо“ за неодамнешниот земјотрес

Италија реагира на карикатура од „Шарли Ебдо“ за неодамнешниот земјотрес

Францускиот весник „Шарли Ебдо“ пушти карикатура на која Италијанците кои настрадаа од катастрофалниот земјотрес неодамна се претставени како лазања. Крвта на облеката на нацртаните мажи и жени е прикажана како доматен сос. Илјадници луѓе на социјалните мрежи се вознемирија од грубите шеги, раскажува Би-Би-Си.

charlie-ebdo-italy

„Тоа не е хумор“, напишаа Италијанци во профилот на „Шарли Ебдо“ на Твитер. А градоначалникот на најнастраданиот град – Аматриче, рече дека иронијата не треба да биде на сметка на мртвите. Тој е сигурен дека карикатурата не го изразува мислењето на сите Французи за трагедијата.