Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионИталија и Грција ќе добијат помош од ЕУ со околу 300 погранични полицајци

Италија и Грција ќе добијат помош од ЕУ со околу 300 погранични полицајци

Деветнаесет земји на Европската унија ќе добијат на располагање 291 граничен полицаец до Европската агенција за управување со надворешните граници, Фронтекс, јави ТАСС, повикувајќи се на соопштение на прес-службата на агенцијата.

Истите ќе се испратат во центрите за регистрација на мигранти во Грција и Италија за да помагаат во идентификацијата и регистрацијата на новопристигнатите мигранти.

Агенција Фронтекс потсетува дека овој месец побарала од ЕУ 775 дополнителни соработници. Директорот на Фронтекс Фабрис Леџери изјави дека Агенцијата првпат има потреба од таква бројна поддршка, и ги повика земјите-членки на ЕУ да продолжат да испраќаат свои претставници, без оглед што планираните рокови веќе се истечени.