Wednesday, Feb 26, 2020
HomeДЕНЕШНАРегионИталија депортира тројца Косовци поврзани со Исламска држава

Италија депортира тројца Косовци поврзани со Исламска држава

kosovo-policija

Три лица се депортирани од Италија поради поврзаност со терористичка група во Венеција, соопшти денеска италијанското Министерство за внатрешни работи. Депортираните се државјани на Косово и се поврзани со други четири лица, кои минатата недела беа приведени од италијанската служба за борба против тероризмот поради планирање на напад врз мостот Риалто во Венеција.

Италијанската полиција соопшти дека седумтемина гледале видео снимки од групата Исламска држава, на кои е прикажано како се колe човек и како се изработува експлозивна направа.