HomeДЕНЕШНАСветИталија не престанува да се тресе: Два нови земјотреси

Италија не престанува да се тресе: Два нови земјотреси

zemjotres-italija

Земјотрес со интензитет од 4.5 ги вознемири жителите на италијанскиот град Аквила, соопшти Европскиот сеизмолошки центар. Три минути потоа следел доста послаб земјотрес од 2.8 степени со епицентар на истото место. Епицентарот на потресот е на 22 километри длабочина и се почувствувал во уште неколку од населените места во реонот-Риети, Терни и Перуџа. Земјата се тресела и во Аматриче, најмногу повреденото место за време на силниот земјотрес од 24 август. Нема податоци за разурнувања или жртви.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com