HomeДЕНЕШНАЕкономијаIT секторот „гази“ – ова ќе бидат најплатени професии во 2017

IT секторот „гази“ – ова ќе бидат најплатени професии во 2017

it

Порталот CareerCast направи листа на професии кои ќе бидат најбарани во ИТ индустријата. Ова истражување е спроведено во 2016 и опфаќа 6 професии.

Системски и мрежен администратор – во просек, годишно се заработуваат околу 78 000 долари, а според проценките на овој портал, побарувачката за оваа професија ќе се зголеми за 8% во 2017 г.

Аналитичар на податоци – годишно, во просек се заработуваат околу 128 000 долари, а се проценува дека побарувачката за оваа професија до 2024 година ќе се зголеми за 16%.

Софтверски инжењер – годишната заработувачка е околу 100 000 долари, а побарувачката ќе се зголеми во 2017 за цели 17%.

Аналитичар на информациски сигурности – со годишна заработувачка од 90 000 долари, и пораст за 18%.

Системски аналитичар – со просечна годиншна заработувачка од 85 000 долари, и проекции кои покажуваат пораст во следните години за 21 %.

Програмер – најбарано занимање во ИТ секторот и просечна годишна заработувачка од 65 000 долари. Се очекува раст до 27%, според Business Insider

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com