HomeАНТИСТРЕСЕкимИстражувањата покажаа: За здрав живот битна е и положбата во која спиете

Истражувањата покажаа: За здрав живот битна е и положбата во која спиете

Едно неодамнешно истражување покажало дека за здрав живот, освен должината на сонот, многу битна е и положбата во која спиете, а спиењето на левата страна се покажала како најздрава положба.

Па така, прва причина е срцето. Со спиењето на левата страна, лимфните садови кои пумпаат кон срцето имаат помош од гравитацијата, при што овој орган многу помалку се оптоварува.

Слезената е најголемиот орган во лимфниот систем и е сместен на левата страна. Кога спиеме на оваа страна, слезината работи многу поефикасно. Основната причина за ова е гравитацијата заради која има поголем проток на крв во самата слезина и заради која подобро се филтрираат нечистотиите од организмот.

Исто така, доколку страдате од желудочни киселини, добро е да спиете на левата страна, бидејќи на тој начин спречувате киселините од желудникот да преминат во хранопроводот.

Познато е и дека спиењето на грб може да го попречи и отежни вашето дишење, а спиењето на десната страна може да биде опасно за вашиот дигестивен систем. Па затоа, уште вечерва потрудете се спиењето на левата страна да ви стане навика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com