Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимИстражување: Марихуаната не штети на здравјето кај младите

Истражување: Марихуаната не штети на здравјето кај младите

Најновото истражување на Универзитетот во Питсбург во кое биле опфатени околу 400 лица покажало дека нема никаква поврзаност и последици врз здравјето со употребата на марихуана во текот на тинејџерските години што би се одразило подоцна во животот или по 30-тата година.

„Тоа што го откривме е мало изненадување, нема никаква разлика во менталното или физичкото здравје во поглед на количината и зачестеноста со која се користеле марихуаната во текот на тинејџерските години“, оцени Џордан Бехтолд главниот истражувач.

Меѓу испитаниците имало различен вид на корисници, некои повремено пушеле марихуана, а други пак биле редовни, но резултатите и кај едните и кај другите биле идентични, без сериозни последици врз здравјето.

Medical-marijuana-sign

Токму затоа истражувачите велат дека е важно да се разговара искрено со децата за последиците од марихуаната и да не се шират неточни тврдења дека може да психички нарушувања како појава на депресија и други клинички состојби.