Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСИстражување: Екстремната музика има смирувачко дејство врз луѓето?

Истражување: Екстремната музика има смирувачко дејство врз луѓето?

Дали некогаш сте помислиле дека екстремната музика со груби и насилни стихови може да има позитивно влијание и да ве направи посмирени и посреќни?
Објавена е студија во frontiers in Human Neuroscience во која 39 редовни слушатели на тн. „екстремна“ музика на возраст од 13-34 години, намерно биле доведени до степен на лутина (преку навраќање на фрустрирачки и иритирачки настани од нивните животи), а потоа им било овозможени 10 минути слушње музика по избор или 10 тишина.

Испитаниците што одбрале да слушаат музика, генерално од областа на хеви-металот или слични жанрови, потполно се смириле и расположиле, омекнале и станале позитивни, и сето тоа во дозволениот период од 10 минути.

heavymetalВториот дел од истражувањето било да се види каква музика ќе одберат испитаниците кога се лути.  Се покажало дека половина од избраните песни содржеле тематика на бес и агресија, додека во останатите песни претежно се зборувало за изолација и тага.

Заклучокот на научниците е дека екстремната музика им служи на слушателите како еден вид начин позитивна саморегулација и дека агресивната и груба музика всушност може да го намали насилството, правејќи ги луѓето позитивни.