Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИстражувањата покажаа-Македонците се големи љубители на пиво

Истражувањата покажаа-Македонците се големи љубители на пиво

Според агенцијата „Брима Галуп“ за потрошувачките навики на конзументите на пиво и безалкохолни пијалоци во Македонија, околу 44 проценти од луѓето на возраст меѓу 25 и 54 години конзумираат пиво, а околу 30 проценти од лицата на возраст од 15 до 34 години конзумираат газирани и негазирани сокови, додека само 14 проценти од младите не конзумираат сокови. Интересен е фактот дека повеќе се преферира светло пиво, односно 41 процент од граѓаните пијат светло пиво. Спротивно од тоа 51 % не пијат воопшто пиво.

-„Околу десет проценти од домаќинствата во Македонија имаат залиха на пиво во секое време, додека околу 32 проценти никогаш не купуваат пиво, истакна Медаровски од агенцијата „Брима Галуп“.

Според Драган Теодоровиќ од агенцијата „Нилсен ритеил“ од Белград, минатата година во Македонија се продадени 44 милиони литри пиво, радлер и безалкохолно пиво во вредност од 3,2 милијарди денари. Тој на тоа додаде дека 99% е алкохолно а само 1 % безалкохолно пиво. Што се однесува до минералната вода, вкупната продажба на газирана и негазирана е 66 милиони литри. Од нив на газирана отпаѓа 56 проценти од продажбата, додека 44 отсто е негазирана вода. Истражувањето се однесува само на класична малопродажба, односно продажба на стока до краен потрошувач, истакна Теодоровиќ.