Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимИстражувањата докажаа – Најдобро се слабее без маснотии

Истражувањата докажаа – Најдобро се слабее без маснотии

Новите истражувања покажале дека најдобар начин за диета и намалување на килограмите кај лицата со прекумерна тежина е со кратење на маснотиите, а не на јагленохидратите. Истражувањето е спроведено од Националниот институт за дијабетис каде 19 лица со прекумерна тежина биле подложени на два вида на диети со намалени јагленихидрати и намалени маснотии и подобри резултати дала втората диета.

Според тестовите доколку успеете да ги намалите калориите со обичните и заситените масти кои ги има во повеќе секојдневни продукти, тогаш имате голема шанса да ја симнете тежината. Затоа се препорачува да ја контролирате исхраната со продукти како путер, сланина, мајонез, различни кремови и намази. Дополнително за намалување на телесната тежина клучна е и физичката активност.