HomeДЕНЕШНАПолитикаИстрага за незаконитост е навреда врз судството според Караџовски!?

Истрага за незаконитост е навреда врз судството според Караџовски!?

Зоран Караџовски како Претседател на Судскиот совет е изритиран поради најавите на специјалната јавна обвинителка дека се водат истраги за незаконско работење на судиите во Управниот суд. Тој смета дека ова е директен напад врз судството и е во функција на уривање на целото судство. Тој смета дека изјавите на Јанева во врска со судовите се неетички, нецивилизирани и некултурни.

Караџовски кажа дека секој мора да ги почитува законите и дека важи за сите обвинителства и судови во Македонија. Според него, доколку некој го прекршил законот за кривична постапка, треба да одговрара дисциплинси или кривично.

– Она што го добиваме како доверлив материјал не смееме да го даваме во јавност. И јас сум кривичен судија, па не ги давам работите пред вас. Катица Јанева беше прозвана и директно кажа дека притворот на Едмонд Темелко бил незаконит, но траел само час и половина, рече Караџовски.

Според него и поракј тоа што следуваат избори, огласот за избор на претседатели на судовите не може да се искористи во предизборна кампања бидејќи обврска на советот е да објави оглас.

– Доколку не се изберат нови претседатели на судовите до парламентарните избори, според Законот за судови, ќе бидат избрани в. д. претседатели додека не се создадат услови за избор на претседатели, вели Караџовски.

trezor-sjo

Секако, Караџовски нема никаква правни аргументи за ваков вид на емотивни изјави бидејќи тој не треба да настапува како политичар, туку како претставник на судската власт која е независна и еден од трите уставни столба на државата.

Затоа слободно ќе кажеме дека сме зачудени како претставник на судската власт е незадоволен што се повела истрага за незаконитост. Доколку има основани сомненија никој не смее да биде над законот и секој треба да ги сноси своите последици.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com