HomeДЕНЕШНАПолитикаИстече рокот на партиите, дали сите го доставиле својот финансиски извештај

Истече рокот на партиите, дали сите го доставиле својот финансиски извештај

dik

Политичките партии до полноќ требаше да ги достават финансиските извештаи за трошењето на парите во првите десет дена од изборната кампања.

Според членот 84б од Изборниот законик, организаторот на изборната кампања е должен единаесеттиот ден од денот на изборната кампања да поднесе финансиски извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборната кампања од денот на нејзиното отворање до крајот на десеттиот ден од изборната кампања.

Извештајот покрај до ДИК се доставува и до Државниот завод за ревизија и Антикорупциска комисија. Ваков извештај се поднесува и за вториот дел од кампањата по завршување на изборниот процес. Финалните финансиски извештаи партиите треба да ги достават во рок до три месеци по завршувањето на изборите.

Во текот на денешниот ден ќе дознаеме дали некоја партија заборавила на овој рок и колку трошат за кампањите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com