HomeДЕНЕШНАСветИстече радиоактивна содржина од пакети на аеродромот во Њу Делхи

Истече радиоактивна содржина од пакети на аеродромот во Њу Делхи

Обезбедувањето на меѓународниот аеродром во Њу Делхи блокираше денеска дел од аеродромот по дојавата дека меѓу багажот се наоѓаат пакети со радиоактивна содржина, која истекува, соопшти полицијата.

– Петнаесет кутии, во кои е спакуван нуклеарен материјал се изолирани, за да се утврди дали содржината протекла, откако кутиите биле натоварени во авион на Ер Франс, изјави началникот на Секторот за безбедност на аеродромот во Њу Делхи, Сања Бахтиа.

Таа додаде дека товарот стигнал од Франција, аеродромските власти го забележале истекувањето и ги информирале надлежните.

– Ситуацијата е под контрола. Го исчистивме просторот за багаж и доведовме ескперти од Регулаторниот одбор за атомска енергија за да го испитаат материјалот, истакна Бахтија. Пратаката била наменета за биомедицински компании во Њу Делхи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com