HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИстепан новиот тренер на Ф.К Брегалница

Истепан новиот тренер на Ф.К Брегалница

Новиот тренер на Ф.К Брегалница турчинот Јуксен Јесилова после поразот од последната екипа во македонската лига Македонија Ѓорче Петров вчера бил нападнат од страна на раководството на штипскиот клуб. Штипјани загубија во Кочани со 2:1. Инцидентот се случил по завршување на мечот, на патот Кочани – Штип кај селото Крупиште.

Тренерот се движел со своето возило кое го управувала неговата сопруга во кое било и 9 годишно дете. Во еден момент пред нив се испречил „Мерцедес“ во кој се наоѓале членови од управата на клубот. Двајцата излегле од возилото и со шипки во рацете се упатиле кон тренерот на клубот, со кој најпрво почнала вербална расправија, која прераснала во физичка премсметка. Јесилова и еден од раководството на клубот после настаната турканица паднале во каналот кој се наоѓал веднаш до патот.

Двајцата биле пренесени во болница каде им се констатирани телесни повреди. Од полицијата соопштија дека двајцата се извршени разговор во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com