Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаИстече мандатот на Горан Трајковски, сега е в.д. директор на УЈП

Истече мандатот на Горан Трајковски, сега е в.д. директор на УЈП

Горан Трајковски, човекот кој досега ја извршуваше функцијата директор на Управата за јавни приходи, е назначен за в.д. директор до самото завршување на постапката за избор на нов прв човек на УЈП.

Официјално, мандатот на Трајковски му истече на 17-ти месецов, а денот потоа се затвори и јавниот оглас за избор на директор на УЈП. Според критериумите, кандидатот за директор мора да е државјанин на Македонија, во моментот на именувањето да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност и да има пет години работно искуство. Директорот на УЈП го именува и разрешува Владата, со мандат од четири години.