HomeДЕНЕШНАРегионИстанбулската полиција со водени топови против демонстрантите за весникот „Џумхуриет“

Истанбулската полиција со водени топови против демонстрантите за весникот „Џумхуриет“

istanbul-protest

Турската полиција вчера употреби солзавец и водени топови против голем број демонстранти во Истанбул, во обид да го спречи нивниот марш до седиштето на опозицискиот весник „Џумхуриет“, чии вработени се уапсени. Западните медиуми објавија дека солзавецот се чувствува и во пооддалечените истанбулски квартови, а полициски хеликоптери го надлетуваат градот.

Протестите во центарот на Истанбул се одржуваат неколку часа откако турските власти наредија формално апсење на деветмина вработени во весникот и приведоа нови прокурдски високи функционери, проширувајќи ја антитерористичката истрага, која предизвика остра осуда од страна на западните земји. Членови на највисокото раководство на опозициската прокурдска Демократска партија на народите и нивни пратеници вчера беа уапсени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com