HomeДЕНЕШНАСветИстанбул: Протести на универзитетски професори и студенти

Истанбул: Протести на универзитетски професори и студенти

timthumbphp

Стоици универзитетски професори и студенти и членови на синдикати протестираа денеска пред Истанбулскиот универзитет против отпуштањето на илјадници професори по обидот за преврат на 15 јули, пренесува БТА. Протестот беше обезбедуван од полицајци за борба со безредијата.

Анкара го обвинува проповедникот Фетуллах Ѓулен, кој живее во САД, дека го организирал обидот за преврат. По 15 јули, турските власти започнаа масовни чистки во кои 110.000 државни службеници, судии, обвинители, полицајци и професори беа привремено суспендирани или отпуштени поради наводни врски со Ѓулен.

„Рамо до рамо против фашизмот”, „Ние ќе победиме, ако се спротивставиме”, извикуваше насобраниот народ. Меѓу суспендираните по обидот за преврат има околу 50.000 универзитетски професори и наставници. Во рамките на истрагата за обидот за државен удар речиси 37.000 луѓе беа испратени во затвор во очекување на судски процеси против нив.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com