Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИстанбул: Протести на ЛГБТ заедницата поради убиството на трансродовата активистка

Истанбул: Протести на ЛГБТ заедницата поради убиството на трансродовата активистка

Неколку стотици луѓе направија мирен протест во Истанбул, барајќи правда за убиството на трансродовата активистка, Ханде Кадер. Телото на 22-годишната активисктка на ЛГБ Ханде Кадер беше пронајдено запалено во шума на 8 август. Повеќе од 200 демонстранти носеа транспаренти со натпис „Правда за Ханде Кадер“ и „Се бориме за нашиот опстанок“.

Протестите кои беа одржани во близина на плоштадот Таксим, беа обезбедувани од страна на полицијата. „Нема да застанеме додека не се пронајде виновникот за смртта на Ханде Кадер“, порача портпаролката на истанбулското здружение на ЛГБТ. Кадер е втора личност од ЛГБТ заедницата која беше убиена во Турција во изминатите неколку недели.