Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИспратени демонстранти во прилепската гимназија за да ги уплашат „комуњарите“

Испратени демонстранти во прилепската гимназија за да ги уплашат „комуњарите“

Откриена СМС порака наводно од страна член на ВМРО-ДПМНЕ открива дека вчерашниот собир пред прилепската гимназија Мирче Ацев бил испланиран од страна на висок функционер партијата. Собирот на учениците од другите средни училишта во Прилеп било да се исплашат „комуњарите“, а тие вчера извикуваа погрдни пароли со навреди против своите врсници.

poraka zaplasuvane

Лицето кое до А1он ја испратило пораката вели дека е член на ВМРО-ДПМНЕ, но дека секој родител треба да го види разговорот и да размисли дали децата им се сигурни кога ги праќаат на училиште.

Вчера пред гимназијата на мирен протест излегоа родителите на учениците во гимназијата кои рекоа дека ќе побараат санкции за директорот Кирил Николоски. Тие истакнаа дека се загрижени за безбедноста на децата кои треба да бидат на настава, а не на протести.