HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИспил коктел од алкохол и солна киселина и се фрлил во Вардар

Испил коктел од алкохол и солна киселина и се фрлил во Вардар

Случаен минувач е заслужен за спасувањето на скопјанец кој се обидел да си го одзеде животот со тоа што испил алкохол и солна киселина, па во очај се фрлил и во Вардар.

Во полициската станица во Карпош вчера околу 19,45 часот, медицинска сестра од Итната медицинска помош пријавила дека на телефонскиот број 194 примиле пријава дека непознато лице паднало во реката Вардар, во близина на одбојкарското игралиште.

Полицијата интервенирала и скопјанецот е изваден од водите на реката Вардар, по што ќе се преземат соодветни мерки.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com