Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИсламска Држава ја презема одговорноста за нападот во Ница

Исламска Држава ја презема одговорноста за нападот во Ница

Екстремистичката група Исламска држава ја презема одговорноста за нападот во Ница, при што загинаа 84 лица, а над 200 се повредени, јавуваат француските медиуми.

„Водачот на операцијата во Ница е војник на Исламска држава. Операцијата е одговор на акциите на коалицијата која се бори против Исламска држава“, порача ИСИС преку својот пропаганден канал Амак.

Возачот на камионот, 31-годишниот Мохамед Лахуаеј Булел возел цели два километри вдолж главната улица во Ница и притоа безмилосно газел луѓе. Тој наводно ја минал безбедносната контрола тврдејќи дека доставува сладолед и дека има дозвола за паркирање на ривата. Тој по смртоносниот поход беше застрелан од полицијата.

Вонредната состојба во земјата, воведена по нападите во Париз минатата година, ќе биде продолжена за уште три месеци.