Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионИсламска држава го осуди Ердоган на смрт

Исламска држава го осуди Ердоган на смрт

Реџеп Таип Ердоган е осуден на смрт од Исламска држава. Терористичката организација го осуди на смрт турскиот претседател поради поддршката на меѓународната коалиција во Сирија и бомбардирањето на позиции на ИД, јави турскиот весник „Јени акит“.

Социјалните медиуми блиски до ИД прогласија фатва (религиозна пресуда) за Ердоган. Тој е обвинет дека „дејствува заедно со еретиците, нусајрите и Евреите“. Смртната предуда може да биде поништена ако Ердоган ја прекине поддршката за коалицијата предводена од САД против ИД.