Исламска држава егзекутирала 15 свои членови во Сирија
Исламска држава убила 15 свои членови во близина на Рака во Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Според Сирискиот центар, со седиште во Лондон, ова е најмасовната егзекуција од страна на ИД на нејзини припадници досега. На убиствата им претходеле апсења на 35 членови на ИД во Рака, кои се извршени во врска со ликвидирањето на Абу Хиџа ал Тунизи, висок раководител на ИД, кој загина минатата среда во воздушен напад.