HomeДЕНЕШНАРепубликаИскршени прозорците во Домот во Битола на денот на албанската азбука

Искршени прозорците во Домот во Битола на денот на албанската азбука

muzej-albanska-azbuka-83283278-1-696x437

Искршени се прозорците на Домот во Битола, на денот на одбележувањето на албанската азбука, а вандалите испишале и пораки со навреди за Албанците.

Камерите кои го обезбедуваат Домот го снимиле лицето кое залепило плакат и со бехатон плочки ги искршил стаклата од влезната врата. На залепениот плакат има лав со меч на кое се напишани навредливи текстови. Директорот, Нуер Арслани го осуди ваквиот настан и порача дека треба да се чуваат меѓуетничките односи. Настанот го осудија и од Демократската унија за интеграција.

На денешен ден во 1908 година, Албанци интелектуалци од Балканот на конгрес во Битола ја унифицирале албанската азбука. На Битолскиот конгрес, албанските интелектуалци испратиле порака на заедништво, пријателство, доверба и разбирање.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com