Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАИскористете го убавото време – Сончев викенд со благ пораст на температурите

Искористете го убавото време – Сончев викенд со благ пораст на температурите

Времето денес ќе биде претежно сончево, со умерен ветер од северен правец. Стабилното и суво време ќе преовладува и во текот на утрешниот ден. Дневните температури ќе се движат од 14 до 20 степени Целзиусови.

Во главниот град слично време, сончево со слаб до умерен северен ветер и максимална температура до 17 степени Целзиусови. Метеоролозите предвидуваат дека од понеделник дневните температури драстично ќе пораснат поради влијанието на потопла воздушна маса.