Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИсклучените од парно ќе ја тужат државата во Стразбур

Исклучените од парно ќе ја тужат државата во Стразбур

Исклучените граѓани од системот за парно греење денеска не добија рочиште против Регулаторната Комисија и БЕГ во Врховниот суд.

По едно часовно чекање пред зградата на судот, најнапред не се појави нивниот адвокат, а од компјутерскиот центар на Врховен пак им соопштија дека случајот им бил архивиран односно затворен и рочиште нема да има. Исклучените најавија групна тужба во Стразбур.