Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИСИС се заканува дека ќе бомбадира цивили од дрон – Европа во паника

ИСИС се заканува дека ќе бомбадира цивили од дрон – Европа во паника

 

Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди дека џихадистите се со намера да користат дронови кои би распрскувале нуклеарни материјали над западните градови што би претставувало лош и страшен напад со „валкана бомба“.

Светските лидери се загрижени за тоа што сакаат да направат џихадистите со обични дронови кои многу едноставно можат да бидат купени онлајн. Поточно, џихадистите планираат дроновите да ги користат за пренос на радиоактивен материјал во центарот на големите европски градови со што би можеле да убијат многу голем број на луѓе.

Камерон исто така нагласи дека е реална и сериозна заканата за можен нуклеарен напад од страна на Исламската држава. Камерон се состанал со светските лидери за време на самитот во Вашингтон каде што бил разгледуван план за одговор во случај ваков напад навистина да се случи.

Исто така се зборува дека постоеле и снимки од припадниците на ИСИС како користат дронови, а заканите се реални ако се земе во предвид дека уште во 2014-та година во Мосул, џихадистите заплениле повеќе од 40 килограми нискоактивен ураниум, но тој, во случај на напад повеќе би предизвикал паника, отколку што навистина би наштетил.

Но, според експертите после последните обиди на терористите да упаднат во нуклеарните постројки во Белгија, можноста за напад од таков вид мора да се анализира со големо внимание.