Monday, Mar 27, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаИСИС бара одмазда за апсењата во Куманово

ИСИС бара одмазда за апсењата во Куманово

Џихадистичка закана поради апсењата во Куманово. “Дојде времето да се ослободиме од репресијата на Словените, браќа Албанци” – стои во повикот на Сејфедин Ал-Албани до сите албанци во Македонија, повикувајќи ги да земат оружје и да се спремат за војна во Македонија и на Балканот, пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на извори на албанска информативна мрежа.

Тој својот допис го испратил до интернет мрежата за вести JavaNews.al, под лажно име Џавит Џавити. Сејфедин Ал-Албани за кој постојат сомнежи дека сеуште е во Македонија е член на ИСИС, дел од ќелијата која беше уапсена пред два дена во големата полициска акција и дека бил на боиштата во Сирија и Ирак повеќе пати.

“Како можете мирно да спиете кога знаете дека вашите браќа се малтретирани, а нашите сестри се силувани во ѕверските затвори на Балканот? Ги заборавивте варварските војни на Словенските Крстоносци? Дали тоа не беа истите Крстоноси кои го направија хророрт во Косово и Куманово? Затоа придружете се и станете тврдина на вашата вера. Придружете се и донесете им терор на Крстоносците и нивните поддржувачи!” – стои во дел од повикот на Сејфедин Ал Албани, видно исплашен од исходот за неговите пријатели кои паднаа во акцијата пред два дена, но и исплашен дека ќе ги снајде истата судбина како оние терористи во Куманово!

Инаку на уапсените, полицијата им одреди притвор од 30 дена. Се сомничат за учество на боиштата во Сирија и Ирак, борејки се на страната на Исламска држава, а исто така и регрутирале луѓе од Македонија за борба на тие територии.