Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеИсечени дрвја позади АРМ

Исечени дрвја позади АРМ

Скопје посиромашно за уште неколку дрвја. Изутрина се исечени неколку дрвја на платото зад Домот на АРМ во Скопје, објави порталот А1он.мк.

Пратениците вчера дебатираа за загаденоста на воздухот и се расправаа кој е виновен за состојбата, која е веќе алармантна. Освен меѓупартиски препукувања и неколку мерки за заштита на здравјето, никој не понудил решение за справување со високата загаденост. Од друга страна, Скопје од ден на ден се повеќе се соголува.