Friday, Mar 24, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаИсчезнатиот тетовец пронајден обесен на дрво

Исчезнатиот тетовец пронајден обесен на дрво

Пронајдено е безживотното тело на Б.К. (65) од Тетово обесено на гранка од костеново дрво во месноста Селимово Брдо покрај патеката што води од Расадиште кон Гајре на падините од Шар Планина. Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, телото е пронајдено околу 15 часот од 38 годишен тетовец кој собирал старо железо во атарот на селото Расадиште.

Полицијата го утврдила идентитетот на обесениот Б.К. од Тетово кој пред три дена, беше пријавен како исчезнат. Во увидот на судска медицина не се констатирани траги на насилство, а безживотното тело на 65-годишниот тетовец било предадено на семејството.

Според полициските информации годинава на поширокото тетовско подрачје случени се три самоубиства од кои две со бесење и еден случај со употреба на огнено оружје. Покрај тоа регистрирани се и 17 обиди за самоубиство, најмногу труења, со таблети и различни токсични течности пред се со средства за хигиена.