Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИсчезна индонезиски авион со 54 патници во регионот на Папуа

Исчезна индонезиски авион со 54 патници во регионот на Папуа

Индонезиски патнички авион со 54 лица, што летал на национална релација, исчезна од радарите на воздушната контрола над реон на Источната провинција Папуа, соопшти Националната агенција за потрага и спасување (BASARNAS).

– Изгубивме контакт со авионот – изјави шефот на агенцијата, Бамбанг Соелисто. Авионот и припаѓа на компанијата „Тригана ер сервис“. Во него имало 44 патници, пет деца и бебиња и петчлен екипаж. Авионот летал од аеродромот „Сентани“ во Џајапура, престолнина на провинцијата Папуа, до јужниот град Оксибил.
mapaПортпаролот на Министерството за транспорт потврдил дека е изгубен контакт со авионот, кој требаше да пристигне во Оксибил по 15 часот по локално време.

„Ние не знаеме што се случило со авионот и ги координираме активностите со локалните власти. Времето во моментов таму е многу лошо, многу е мрачно и облачно. Не е можна потерница. Регионот е планински“, додал портпаролот.