Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИронијата на судбината го врати обилниот дожд на 06 август, точно 4 години подоцна.

Иронијата на судбината го врати обилниот дожд на 06 август, точно 4 години подоцна.

 

Како по иронија на судбината, денеска „истури“ цел ден. Во периодот, кога Македонија ги живее своите најлетни, жешки месеци, времето наликува како да е доцна есен. Пред точно 4 години, на овој ден, после масовна хидролошка „бомба“, која се истури над Стајковци, и останатите населени места во околината на главниот град. Денеска, како небото да ги оплакува жртвите, и да ги одбележува траорните спомени од тој кобен августовски ден.

 

 Временската  непогода која на 6 август 2016 година го зафати  најпрво  Полошкиот, а подоцна со поголем интензитет целиот Скопски регион. Во текот на 24 часа на 6 август во Скопје наврнааа  93 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето удриле над 800 молњи и громови.

Од Министерството за внатрешни работи стои информацијата  дека се пријавени 22 загинати лица во реоните на селата СингелиќСтајковциСмилковци и Арачиново од кои 20 се идентификувани, а 4 лица се водат како исчезнати.

На скопските клиники биле примени 22 повредени. Од кризниот штаб  тој период кога се случи водената стихија, информираа  дека над 1.000 граѓани биле евакуирани во текот на ноќта на  тој 6 август. Граѓаните, преку друштвените мрежи се организирааа  за да отворат пунктови за помош на настраданите. На вонредна седница Владата на РМ прогласи  кризна состојба во регионот на Скопје и Тетово, во траење од 15 дена, а 8 август 2016 го прогласила за ден на жалост на целата територија на Македонија.

 

Жртви и последици

 

Официјалниот број на загинати граѓани во целиот Скопски регион  до 9 август 2016 година изнесувал 21 лице. Најголем дел од нив биле возрасни граѓани, од кои најчесто болни и изнемоштени. Најмладата жртва во невремето беше  двегодишно дете. Според кажувања на мештаните, најголемиот дел од загинатите граѓани се удавиле во сопствените домови или водата ги понела низ улиците кога излегле од своите автомобили.

Напладне на 9 август 2016 година била пронајдена и 22. жртва, 12-годишно дете од селото Стајковци, кое го пронашол неговиот татко.  Истиот ден починале уште три лица од срцев удар поради стресот и загубите што ги претрпеле.

 

Ова е една од најголемите природни непогоди кои го зафатиле  главниот град, но  и целата држава, во поновата историја на Македонија.