HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Iron Maiden“ објави посебно издание за својата најдолга песна

„Iron Maiden“ објави посебно издание за својата најдолга песна

Британските хеви метал легенди „Iron Maiden“ по повод светскиот ден на плочите, објавија посебно винил издание на својата најдолга песна, 18-минутната „Empire Of The Clouds“. Оддавајќи признание на своето дебитанско издание „The Soundhouse Tapes“, објавено во 1979 на винил и оправдувајќи ја репутацијата како бенд кој ја оживува историјата, групата „Iron Maiden“ за прв пат активно се вклучува во глобално одбележување на денот на кој се поддржуваат независните продавачи на плочи.

Од едната страна на ова винил издание се наоѓа 18-минутната песна „Empire Of The Clouds“, која инаку се наоѓа на нивниот актуелен албум „The Book Of Souls“. На другата страна се наоѓа интервју со авторот на песната и со пејачот на групата Брус Дикинсон. „Iron Maiden“ моментално се наоѓаат на светска турнеја која го следи албумот „The Book Of Souls“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com