Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеИран очекува бум на туризмот по падот на ембаргото

Иран очекува бум на туризмот по падот на ембаргото

Иранскaта агенција за туризам е најсреќна по тргањето на ембаргото со постигнатиот договор за контрола на развојот на нуклеарната програма. Иран очекува голем број на туристи кои сега ќе може полесно да патуваат и да добијат виза, но прашање е што би посетиле во оваа строга исламска држава. Не дека нема прекрасни локалитети и културно-историски споменици, ама па имиџот на земјата е ужасно лош.

iran turizam2

Масуд Солтанифер директорт на агенцијата за туризам за државните медиуми даде изјави дека Иран ќе се подготви за прием на голем број на туристи, ќе започне со изградба на хотели и популаризација на повеќе локации кои би биле примамливи. Иран смета дека ќе пристигнат и голем број на американци кои полесно ќе дојдат таму отколку во Куба каде се уште е на сила ембаргото.

Секако, овие изјави се дел од владината пропаганда за претставување на Иран како успешна држава која долго време била под притисок и блокада од меѓународната заедница и дека странците нема од што да се плашат бидејќи се добредојдени. Па што мислите вие, дали Иран навистина може да прерасне во нова хит дестинација.

Автор
Христијан Станоевиќ