Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветИрак: 12 убиени во напад на базен во Туз и уште 21 во Анбар

Ирак: 12 убиени во напад на базен во Туз и уште 21 во Анбар

Најмалку 12 луѓе се убиени во напад на два бомбаши самоубијци во преполн базен во северниот дел од Ирак, а уште 21 војник и припадник на шиитските милиции се убиени во експлозија на автомобил бомба во западната покраина Анбар, објавија властите.

Првиот напад се случил во градот Туз Курмату, околу 175 километри северно од ирачката престолнина Багдад, и покрај дванаесетте жртви има уште 45 ранети лица. Повеќето од жртвите се шиити од туркемнската етничка заедница. Полицијата соопшти дека бомбашите самоубијци го активирале експлозивот на базенот каде имало десетици луѓе, а меѓу нив и многу деца, кои дошле да се разладат во големите горештини. Лекарите од локалната болница соопштија дека бројот на жртвите може да расте бидејќи многу од ранетите се во критична состојба.

Засега никој не ка презема одговорноста за нападот, но од неодамна сунитската радикална група Исламска држава покрена кампања бомбашки напади во главниот град Багдад и другите делови од земјата чија цел е шиитското мнзоинство.

Џихадистите се осомничени и за нападот со автомобил бомба во западната провинција Анбар каде што се убиени 21 војник на ирачката армија и на придружените шиитски милиции. Тие единици претходно гаѓале две возила сомнителни дека се натоварени со експлозиви, во областа Тар Тар, западно од градот Фалуџа, рекле воени извори. Притоа се повредени уште најмалку дваесет борци на владините сили