Израел во акција против еврејските екстремисти
Израел започна да спроведува одлучна акција против еврејските екстремисти на Западниот брег откако дојде до бомбашки напад врз палестинско семејство во кое животот го изгуби 18 месечно бебе и неговиот татко. Тоа доведе до ескалација на насилството и меѓусебни пресметки меѓу муслиманите и евреите и Израелската армија мораше да интервенира.
Во големата акција притворени се двајца многу важни верски лидери од Западниот брег, а применета е и репресивната мерка за задржување на подолг период без покревање на обвинение која досега се користеше само за осомничените исламисти за тероризам.